Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин, во текот на денов треба да пристигне во Лондон и да го парафира договорот со Челзи.
Ако се тече според очекувањата, искусниот фудбалер може да дебитира уште в четврток на реваншот со Тотенхем во рамките на полу-финалето во Лига купот на Англија. Иако се појавија информации дека Игуан нема право на настап бидејќи не бил пријавен за првиот меч на – „Вембли“, медиумите најавија дека Челзи ќе може да го пријави за возвратниот меч.
Имено, „Daily Mail“, потсетува, дека пред 10 години Тотенхем непосредно пред реваншот со Барнли го ангажираше, Џермејн Дефо, кој веднаш потоа дебитираше за „спарси“.