Играчот на Реал Мадрид, Иско не сака да го напушти тимот и покрај интересот на Манчестер Сити, Интер, Јувентус и Париз Сен Жермен.
Неговиот приоритет е да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона, но тоа зависи од една многу важна работа: дали Сантијаго Солари ќе остане на клупата на тимот. Ако Аргентинецот го задржи своето место и следната сезона, тогаш играчот ќе побара трансфер во текот на летото.
Иско ќе стане татко по втор пат во наредните месеци, а неговата намера е да остане во главниот град на Шпанија. Неговите лоши односи со Солари и времето на играње за него (само 491 минута), сепак, ја прават иднината на фудбалерот во Реал Мадрид зависно од тоа што ќе се случи со тренерот.
Сигурно тие нема да ја делат соблекувалната следната сезона. Друго прашање е стратегијата на клубот. Раководството знае дека Иско е еден од највредните играчи во тимот. Затоа се смета за важен дел од револуцијата што му е потребна на тимот во наредното лето.