Екипата на Арсенал има сериозни проблеми со дефанзивната линија, последен на списокот на повредени играчи е одбрандбениот фудбалер Сократис Папастатопулос кој ќе биде надвор од теренот околу еден месец поради повредата на зглобот, соопштија од клубот.
Грчкиот интернационалец доби повреда при поразот со 1:3 од Манчестер Јунајтед во ФА Купот на Англија кој се одигра во петокот,а мораше да го напушти теренот во првото полувреме.
Лекарскиот тим на Арсенал очекува дефанзивецот да ги обнови тренинзите на крајот на февруари. Вториот дефанзивец на Арсенал Лорен Кошчелни исто така се повреди на оваа средба и е под знак прашање за настап на следниот натпревар.
Кошчелни заработи фрактура на главата по еден судар со Ромелу Лукаку. Постоеше опасност за поголема фрактура на главата, но потврдено е дека се работи за полесна повреда па тој наскоро ќе се врати во тимот.

