Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, потенцира дека ја почувствувал нервозната атмосфера на трибините на стадионот – „Енфилд“ на вчерашниот меч со Лестер кој заврши нерешено 1 спрема 1.
„Се почувствува нервозата кај навивачите, мислам декао тоа е сосема непотребно. Секој сака да победи, истата желба ја имаме и ние, но, некогаш треба да се биде многу трпелив“ – потенцираше интернационалецот од Холандија.
„Црвените“ сега имаат пет бодови предност во однос на Манчестер Сити кој ден претходно изнеандувачки загуби на теренот на Њукасл. Во текот на викенд-колото, Ливерпул ќе гостува кај Вест Хем додека Манчестер Сити на домашен терен ќе го реализира дербито со Арсенал.