Тимот од Премиер Лигата на Вулверхемптон со постојан договор го откупи дефанзивецот Џони Кастро од Атлетико Мадрид за 15 милиони фунти.
Минатото лето фудбалерот дојде со позајмица во Вулверхемптон и одигра 22 натпревари за нив, а отккао се претстави добро, гп убеди раководството на клубот дека треба да биде земен со постојан договор.
Дефанзивецот немаше настап за Атлетико Мадрид, бидејќи минатата сезона беше позајмен во Селта и договорот за Шпанцеот сега е одличен.
„Многу сум среќен што сум дел од клубот. Тука сум среќен, па одлуката за да останам ми беше слесна за донесување. Односот кон мене е одличен, тимот е одличен, како и навивачите”, рече Џони Кастро.
Вулверхемптон дефинитивно ги надминува очекувањата со настапот оваа сезона, зазема место во првата половина на табелата со 35 поени.