Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој постигна два гола при нерешените 3:3 против Парма, коментираше за резултатот од средбата.
Според него, нема причина за загриженост, бидејќи играчите веруваат во себе и тренерскиот штаб.
„Тоа е фудбалот. Среќен сум за головите, но не и за резултатот. Парма чекаше да направиме грешка и го искористи тоа. Бевме премногу деконцентрирани во последните минути. Не мислам дека има нешто заедничко со нивото на физичките вежби или дополнителните оптоварувања. Ова е само фудбал, сите го гледаат Јуве, бидејќи ние сме најдобриот тим и тие се обидуваат да најдат начини да не победат, но ние едноставно треба да останеме смирени. Ние не се плашиме, бидејќи веруваме во себе и тренерскиот штаб” рече Кристијано Роналдо по натпревраот со Парма.