Тренерот на Интер, Лучано Спалети потврди дека во никој случај не планира да поднесе оставка по поразот од Болоња вчера. Интер остана на третото место на табелата во Серија А, пред градскиот ривал Милан.
„Дефинитивно нешто ни недостасува. Прашањето за оставка треба да се упати кон раководството. Јас не гледам смисла да зборувам за тоа“, вели Спалети.
За „нероаѕурите“ ова беше третиот последователен меч на кој не успеја да дојдат до победа.

