Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека оваа сезона тој не е фокусиран само на титулата во Премиер лигата, туку напротив, и на ново финале во Лигата на шампионите.
„Ќе се обидеме да бидеме што подобри и на двата турнири. Оваа година се разговараше дека треба да се фокусираме само на Премиер лигата, но сепак ние учествуваме и во Лигата на шампионите. Таму имаме тежок противник и некои мислат дека лесно ќе минеме. Не, нема да биде воопшто лесно. Но ние посакуваме ново финале, зошто да не“, изјавил Клоп.

