Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, најверојатно ќе го пропушти големото – „Ел класико“ против Реал Мадрид кое треба да се реализира во рамките на Примера Дивизион.
Аргентинскиот фудбалер на дербито со Валенсија се пожали на повреда, но, остана на теренот до крајот на мечот. Тој не се појавил на вчерашниот тренинг на Каталонците со што се зголемија шпекулациите дека нема да игра на средбата со „кралевите“ од Мадрид.
Ќе потсетиме дека Меси поради повреда на раката ја пропушти последната мега пресметка со големиот ривал кога неговиот тим славеше со 3 спрема 1.