Македонските каратисти од 8 -10 февруари во Алборг ќе настапат на 46-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Меѓу вкупно 1092 каратисти од 51 држава, Македонија ќе бида застапена со 29 натпреварувачи.На денешниот прес пред заминувањето за Данска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, потсети на дел од досегашните успеси на каратистите.
„Карате федерацијата на Македонија по традиција во последните неколку години остварува врвни резултати на речиси секој настап на меѓународен план. Со последниот освоен медал во Сочи, Фахик Весели стана европски вице-шампион и заслужено ја понесе титулата најдобар млад спортист на Македонија за 2018 година“ – истакна Каевски.
Тој напомена дека АМС останува со поддршка на спортистите и Националните федерации кога станува збор за федерации кои подолг период покажуваат завиден степен на организација.Каевски им посака на сите репрезентативци успешен настап, спортска среќа, фер борби и ги очекувам по настапот на Европското првенство со што поуспешни остварувања.