Германскиот шампион Баерн Минхен, има во план да го купи дефанзиваецот на екипата на Лајпциг, Дајо Упамекано кој пред извесно време беше поврзувн и со шпанскиот шампион Барселона. Договорот на 20-годишниот Французин со Лајпциг истекува летото 2021 година.
Според вестите во германските меидуми, спортскиот директор на баварците Хасан Салихамиџиќ е импресиониран од квалитетите на Упамекано и ќе стори сé за да го донесе како засилување во одбраната за следната сезона.
Моменталната цена на Упамекано е 30 милиони евра, но Баерн се надева дека со добри бонуси може да го добие играчот и за 25 милиони.