Еден од поискусните фудбалери во редовите на Ливерпул, Џејмс Милнер, вели дека неговиот состав останува фаворит за титулата во Премиер лигата иако Манчестер Сити му се доближи на само три бода.
„Мора да бидеме задоволни бидејќи сме на првото место. Има уште многу до крајот на првенството. Секој меч во Премиер лигата е исклучително тежок. Ќе мора да продолжиме по нашиот пат“ – вели Милнер.
„Дејствувавме лошо на последните два меча посебно кога играта беше во прекин. Мислам дека правиме премногу прекршоци во опасната зона. Ќе мора тоа да се корегира“ – вели Милнер.