Џани Инфантино и во наредните четири години ќе биде на чело на Светската фудбалска федерација откако остана без противник за неговата позиција.
Тој е единствениот кој ги има потребните пет номинации што значи дека голем број од членовите на ФИФА ќе му ја дадат поддршката на изборното собрание на 5 јуни.
Ќе потсетиме дека Инфантино во февруари во 2016 година ја презеде диригентската палка во ФИФА откако го наследи Сеп Блатер кој мораше да си замине по сите скандали што го поврзуваа со финансиски малверзации.