Младиот играч од Реал Мадрид, Маркос Љоренте, има нова повреда што ќе го извади надвор од теренот некое време.
24-годишниот фудбалер на кого Сантијаго Солари сметаше на вчерашното дерби со Барселона ја напушти средбата во 62-та минута, откако сам побара замена.
Првите тестови покажаа дека станува збор за мускулна повреда на препоните на левата нога, која е на истото местоа, поради која пропушти неколку натпревари пред повеќе од еден месец.
На Љоренте му претстојат нови испитувања, но првичните прогнози се дека нема да игра барем 3 недели, па најверојатно ќе ги пропушти дуелите до крајот на месецот. Во оваа сезона играчите на Реал Мадрид често добиваат мускулни повреди, а разочарувањето на Љоренте е сигурно големо, бидејќи во оваа сезона тој стана добра алтернатива на Каземиро и одигра прилично добри натпревари.

