Арсен Венгер кој по 22 години го напушти кормилото на Арсенал и речиси една година е без ангажман, повторно ќе се врати во фудбалот, најавија дел од медиумите во Британија.
Според весникот – „Тајмс“, 66-годишниот стратег нема да се врати во Премиер лигата и ќе прифати понуда од друга држава. Засега се потенцираат имињата на Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид иако и францускиот ПСЖ сакаше да го ангажира, но, на функцијата спортски директор.
Французинот кој може да доби понуда да води и репрезентација, јавно посочил дека сака да остане само во клупскиот фудбал.