Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул, стапиле во контакт со Мино Раиола, кој му е агент задолжен за трансфери на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње.
Тренерот, на „црвените“, Јирген Клоп, го запишал италијанскиот репрезентативец на првото место на листата на посакувани трансфери во текот на летниот период. Германецот досега не најде добра замена за Филип Кутињо кој и беше продаден на Барселона во јануари во 2018 година.
Задачата на Мино Раиола ќе биде да се поврзе со ексцентричниот бос на Наполи, Аурелио де Лаурентис и да издејствува трансфер на 27-годишниот напаѓач. Инсиње во дресот на Наполи има дадено 56 голови и направено 55 асистенции.

