Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско го напуштил порано денешнаиот тренинг на својата екипата, бидејќи има проблеми во грбот, објавија медиумите во Шпанија.
Шпанскиот репрезентативен играч ќе го пропушти дербито помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид на 9-ти февруари. Дуелот ќе се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“.
Играчот од средниот ред му се придружи на Маркос Љоренте, кој исто така е повреден и нема да игра за европскиот клубски шампион против градскиот ривал. 26-годишниот Иско не е во добри односи со тренерот Сантијаго Солари и ретко е во комбинацција за настап во Реал Мадрид.
Играчот од средниот ред, остана на клупата за резервни играчи во натпреварот помеѓу Реал и Барселона на „Камп Ноу“во полуфиналето на Шпанскиот куп во средата, што заврши нерешено 1:1.