Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Прием на каратистите по успехот на ЕП во Данска
    Домашен микс

    Прием на каратистите по успехот на ЕП во Данска

    risteBy riste12/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По завршувањето на ЕП во карате за јуниори, кадети и помлади сениори до 21 година во Алборг, Данска , денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Дарко Каевски организираше прием за македонските каратисти кои од ова ЕП се вратија со освоени 2 златни и 2 сребрени медали.

     

    Каевски им го честиташе успехот на македонските херои и потенцираше дека нашите репрезентативци им покажале на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот.

    „Како што ветивме кога тргнавте, така и правиме. Гордо ве пречекуваме херои од 46-то Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Денес е чест е денес да се биде рамо до рамо со европските шампиони во У-21 Петар Спасеновски, категорија до 84 кг и Доан Османи, категорија до 75 кг. и сребрени медалисти Давид Петков, јуниори категорија +76 кг. и Бојан Костов, кадети до 52 кг. Нашите каратисти уште еднаш им покажаа на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот, а тоа нашите херои го докажаа на дело со овој успех. Да упатам голема благодарност и пофалби за стручниот штаб за посветената работа со нашите репрезентативци, а исто така сакам да упатам честитки за успешната организација и работа на Карате федерацијата на Македонија. На крај сакам да ги охрабрам и оние репрезентативци кои не успеаа да се закитат со некој медал, да продолжат со напорните тренинзи и посветено да тренираат а резултатите ќе пристигнат“ изјави Каевски.

    Од страна на селекторити и каратистите беше искажана благодарност до АМСМ за поддршката, но и задоволството што каратето и понатаму носи медали од големите натпреварувања како што е ова ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.