Атлетико (Мадрид) го загуби дефанзивецот Лукас Ернандез за неодредено време, Французинот има проблеми со коленото и допрва ќе се види колку е сериозна неговата состојба.
Од Атлетико Мадрид ја потврдија неговата повреда, но не кажаа за колку време тој ќе биде надвор од игра. Ова е непријатен момент за тренерот на екипата Диего Симеоне, кој исклучително многу смета на овој играч во својот стартен состав.
Дефанзивецот се повреди за време на натпреварот против Реал Мадрид во кој тимот загуби со 1:3 на својот стадион „Ванда Метрополитано”.
Во декември, Ернандес исто така имаше проблеми со коленото и беше отсутен од теренот еден месец.
Во меѓувреме сепак има и добри вести за Симеоне, а се однесува за враќањето на Диего Коста и Стефан Савиќ, кои ги обновија тренинзите со тимот.