Отпуштањето на менаџерот Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед го чини англиски клуб 19,6 милиони фунти.
Португалскиот тренер беше заменет од Оле Гунар Солскјер во декември минатата година. Норвежанецот ќе го води тимот на „црвените ѓаволи” до крајот на сезоната, а во текот на летото ќе биде донесена конечна одлука кој ќе биде на чело на тимот.
Од раководството на 20-кратниот шампион на Англија се надеваат дека ги исполнат своите финансиски обврски, како последица на прераното разрешување на Мурињо и исплатата на казна по неговиот договор. Манчестер Јунајтед, во чиј состав се забележуваат имињата на светските ѕвезди Давид де Геа и Пол Погба, го имаше својот најлош старт во англиското првенство во последните 28 години.
„Назначувањето на ОлеГунар Солскјер и неговиот помошник Мајк Филан е позитивно за клубот”, категоричен е извршниот потпретседател на клубот Ед Вудворд. Приходите на Манчестер Јунајтед за тромесечието кое заврши на 31 декември, изнесува вкупно 208,6 милиони фунти. Само една година порано, клубот од Манчестер објави приход од 177,4 милиони фунти.
Од клубското раководство на „црвените ѓаволи” се очекува нето добивка меѓу 175 и 190 милиони фунти за целата натпреваувачка сезона 2018/19.