Во Ливерпул продолжуваат проблемите во пресрет на дуелот со Баерн Минхен, откако и Роберто Фирмино го пропушти денешниот тренинг поради вирусна болест.
Она што се случува во екипата на Ливерпул е нешто навистина чудно. Бразилецот е четвртиот кој се разболува по одржувањето на кампот во топлиот Дубаи кон крајот на јануари. „Црвените“ неодамна беа во шпанскиот туристички центар Марбела.
Дејан Ловрен исто така е под прашање поради лесна повреда и Јирген Клоп ќе одлучува во последен момент за составот против Баварците.
„Се надевам дека во вторник ќе имаме поголема јасна слика” изјави Германецот, кој сеуште не знае дали ќе може да ги користи Вајналдум и Шакири. Ако Ловрен не може да игра, Фабињо ќе се појави во одбраната до Матип откако е казнет Вирџил ван Дајк.

