Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денес ја објави казната која му е определена на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Германскиот стручњак ќе треба да плати 45.000 фунти поради коментарите за судењето по натпреварот со Вест Хем. Неговиот тим одигра нерешени 1:1 на овој натпревар, а тој реагираше на судењето на помошникот на главниот судија, Кевин Френд.
„Слушнав дека нашиот погодок беше офсајд. Сигурен сум дека судијата знаеше за тоа“ , биле зборовите на Јирген Клуп по натпреварот со Вест Хем.
Оваа висока парична казна ФА ја образложи со објаснување дека Клоп го „нарушил интегритетот на судијата и имплицирал пристрастност“.
Очигледно дека во ФА не дозволуваат многу коментирање на судењето на натпреварите од Премиер лигата и со оваа казна покажуваат строгост кон оние кои коментираат за начинот ан судењето.

