Фудбалерите од средниот ред на Баерн Минхен, Ариен Робен и Франк Рибери ќе добијат проштални натпревари во својот долгогодишен клуб, објавија од управата на баварците.
Во чест на искусните играчи кои играа за тимот повеќе од 10 години ќе се организира проштален натпревар. Се очекува настанот да се одржи по завршувањето на нивната професионална кариера, бидејќи ова лето тие ќе го напуштат Баерн и засега не се знае каде и дали ќе продолжат со активните кариери.
Рибери е во Баерн од 2007 година, а Робен се приклучи во тимот во 2009 година.