Екипата на Челзи му изрече казна на голманот Кепа за непослушноста во последните минути од финалето на Лига Купот на Англија против Манчестер Сити. На минута пред истекот на дополнителните 30 минути за игра, тренерот Сари го повика Кепа да го напушти теренот и на негово место требаше да го внесе Вили Кабаљеро, но Шпанецот категорично одби и не дозволи да биде заменет.
Поради непослушноста, Челзи му изрече казна на голманот и тој ќе остане без еднонеделна плата и бонуси. Парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, во Фондацијата Челзи. Кепа вчера и јавно се извини за своето однесување, по што се очекува ситуацијата во клубот да се смири веќе пред новиот дуел кој „сините“ ги очекува утре против Тотенхем.

