Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ ја исплати рекордната премија на А репрезентацијата
    Фудбал

    ФФМ ја исплати рекордната премија на А репрезентацијата

    risteBy riste26/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија денес и официјално објави дека ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на нации.

    Раководството на ФФМ за пласманот во баражот за ЕП 2020. ја вети најголемата премија во историјата на македонскиот спорт, а паричната награда ја поделија репрезентативците и стручниот штаб во најдобарата фудбалска репрезентација на Македонија.

    „Фудбалската федерација на Македонија ја исплати премијата за пласман во завршана фаза од Лига на нации и со тоа поставивме стандард како ќе работиме и во иднина. Пласманот на ЕП 2020 година би претставувал остварување на сонот на оваа генерација македонски фудбалери и на капитенот Пандев и соиграчите им посакуваме многу среќа во следните репрезентативни предизвици. Со пласманот во завршната фаза од Лига на нации, репрезентацијата стигна таму каде што и е местото и искрено посакуваме нов напредок. Благодарност до сите кои даваа поддршка. Драго ни е што успеавме да ја вратиме насмевката на лицата на навивачите и се надевам дека позитивната резултатска низа ќе трае и во иднина“, истакна в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

    Македонија во полуфиналето од УЕФА Лига на нации ќе се соочи со Косово на домашен терен, а во второто полуфинале Грузија ќе ѝ биде домаќин на Белорусија. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат меѓусебе во финале, на неутрален терен, за победа која гарантира пласман на Европското првенство во 2020 година.

    За помалку од еден месец, на 21. март 2019. во Скопје против Летонија го отвораме и квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.