Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, дефинитивно е подготвен да ги напушти „нероаѕурите“. Тој размислува да остане во Италија бидејќи Јувентус и Наполи се подготвени да влезат во битка за неговиот потпис.
Денеска весникот – „Corriere dello Sport“, соопшти, дека за голгетерот е заинтересиран и актуелниот европски клупски шампион Реал Мадрид.
Се претпоставува дека аргентинскиот нтернационалец кој е во затегнати односи со Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Самир Ханданович, ќе остане на ставот да ја прекине кариерата и да оди на операција на коленото.

