Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им потенцирал на фудбалерите во соблекувалната дека нивниот голем ривал Ливерпул нема да ја освои титулата во Премиер лигата на Англија.
„Оле не е импресиониран од Ливерпул, тој им кажал на играчите дека тие нема да го победат Сити во трката за титулата. Тој мисли дека се многу еднодимензионални и дека им недостасува креативност“ –напиша весникот „Сан“ повикувајќи се на извор од „Олд Трафорд“ .
Ливерпул кој нема титула од 1990 година, на 11 кола пред карјот на сезоната има само еден бод предност во однос на Манчестер Сити. Денеска четата на Клоп ќе биде домаќин на Ватфорд а „граѓаните“ ќе играат против Вест Хем.

