Скаути на Барселона го следеле напаѓачот на Ајнтрајт Франкфурт, Лука Јовиќ, дури 14 пати оваа сезона, пишува весникот „Мундо Депортиво“.
Голгетерот на Ајнтрахт ја игра сезоната на својата кариера што го смести меѓу најдобрите стрелци во Бундеслига со 15 постигнати гола, а во Лига е втор со шест постигнати гола.
21-годишниот Јовиќ се разликува не само со неговите вештини за реализација туку и со добра техника. Често отвора простор за своите соиграчи и прави асистенции. Не е јасно само дали честите посети од скаути на Барселона се должи на некакво сомневање дали Србинот ќе се вклопи во стилот на шпанскиот шампион или поради големиот интерес за играчот.
Јовиќ игра со позајмица во Ајнтрахт до крајот на оваа сезона, бидејќи тој е во сопственост на португалскиот тим Бенфика. Интерес за него има и од Реал Мадрид.