Нашиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, ќе мора да оди на операција на стомакот во Минхен што значи дека ќе биде надвор од терените околу еден месец. Тој во изминатиот период се одлучи да игра под инјекции, но, откако проблемите се компликуваа, мораше да ги послуша советите на лекарскиот тим на Динамо Загреб.
„Во договор со Адеми одлучивме дека ќе мора да оди на хируршка интервенција по која опорувањето трае околу три недели. Тоа значи дека нема да игра на двата натпревари против Бенфика во Лигата на Европа“ – изјави лекарот на Динамо Загреб, Ивица Смодек.
Адеми во наредниот период ќе мора да го пропушти стартот на квалификациите за ЕП во 2020 и дуелите против Летонија и Словенија.
