Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Педро, вели дека нема раздор во редовите на „сините“ иако конфликтот меѓу тренерот Маурицио Сари и голманот Кепа во финале од лига-купот на Англија остави лош впечаток за тимот.
„Ние сме единствени на теренот, читав дека има некакви поделби, но, тоа не е вистина. Сите му даваме поддршка на нашиот тренер“ – потенцираше интернационалецот од Шпанија.
„Сите заедно ќе се обидеме да излеземе од кризата и да се вратиме на победничките патеки. Тренерот секогаш го има последниот збот и ние тоа максимално го почитуваме“ – нагласи напаѓачот на Челзи.