Тренерот на фудбалерите на Баерн (Минхен), Нико Ковач, го критикуваше дефанзивецот Рафиња кој се пожали дека не добива доволна минутажа на теренот. Бразилецот иако ќе го напушти тимот на крајот на сезоната, сака да биде дел од плановите на Ковач.
„Не треба да се критикува клубот и соиграчите јавно, ниту пак, тренерот. Нормално е да има разочарување кога некој игра помалку” – изјави тренерот на Баварците.
Рафина во досегашниот дел од сезоната има одиграно 10 натпревари и постигнато 1 гол во Бундеслигата. Тимот од Минхен в сабота ќе гостува кај Борусија (Менхенгладбах) во еден од најтешките натпревари до крајот на сезоната.
