Дефанзивецот на Интер Милан Шкрињар има за цел да игра во италијанскиот гигант во наредните 12 години, слично на неговиот соиграч во репрезентацијата на Словачка Марек Хамшик кој долго играше за Наполи. Големата цел на дефанзивецот е да ја освои Лигата на Шампионите со „нероазурите”.
„Имам голема врска со навивачите на Интер. Во почетокот не беше така, бидејќи јас бев фудбалер кој не беше познат на публиката. Постепено нашиот однос почна да се менува. Во последниот натпревар на „Џузепе Меаца“ публиката ми аплаудираше кога бев сменет. Почувствував голема емоција. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за тоа”, рече Шкрињар за „Скај Спорт Италија“.
„Мојот идол беше Роналдо – Феноменот. И јас, како и сите деца, сакав да постигнувам голови и да асистирам. Меѓу најдобрите дефанзивци во светот се Серхио Рамос, Калиду Кулибали и Ван Дајк. Ми се допаѓа како Холанѓанецот командува со целата одбрана. За мене тоа се најдобрите дефанзивци во светот. Со Стефан Де Фрај се разбираме одлично и зборуваме многу, бидејќи сме во една соба во нашата база“, додаде дефанзивецот на Интер.