Првиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, воопшто не е популарен меѓу неговите играчи во клубот, велат извори од „кралскиот клуб“.
Според некои написи во шпанскиот печат, генерално во Реал постои недоразбирање меѓу дел од најголемите ѕвезди на тимот и стратегот кој го замени Хулиен Лопетеги. Наводно голем дел од играчите воопшто не ги разбираат персоналните одлуки на Солари.
Во исто време, клубот останува смирен и има намера да чека до лето со поставување ново тренерско име. Покрај тоа, во Реал не губат надеж дека можат и четврттипат едноподруго да ја освојат титулата во Лигата на шампионите.

