Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, ќе отсуствува од терените меѓу 6 и 8 недели, соопштија попладнево англиските медиуми.
Нивните стории ги потврди и главниот лекар на репрезентацијата на Чиле. 30-годишниот напаѓач се соочува со повреда на десното колено добиена на саботниот меч со Саутемптон. Репрезентативецот на Чиле од почетокот на сезоната има одиграно 23 меча за „црвените ѓаволи“ на кои постигна два гола и направи четири асистенции.
Санчез по доаѓањето од екипата на Арсенал не успеа да се наметне за стартната постава на „Олд Трафорд“. Тој речиси во континуитет се соочува со повреди кои драстично влијаат на неговата форма и минутажа на теренот.

