Еден од легендарните фудбалери на Англија, Алан Ширер, испрати критики за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. „Црвените“ во вчерашното градско дерби со Евертон одиграа без голови по што паднаа на втората позиција на табелата. Интернационалецот од Египет е на тапет кај навивачите бидејќи продолжи со бледата игра. Кон нивните критики денеска се придодаде и Ширер.
„Салах е прочитан буквално како -селски буквар !. Тој е лесен за чување а противничките дефанзивци точно знаат што ќе направи. Секогаш сака да се намести на левата нога“ – вели Ширер.
„Салах во големите дерби мечеви го нема никаде. Во тековнава сезона против најдобрите шест екипи од Премиер лигата постигна само еден гол и тоа од пенал“ – потенцираше Ширер.