Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Меди Бенатија, ги објасни причините зошто донел одлука да го напушти италијанскиот шампион и да ја продолжи кариерата во шампионатот на Катар.
„Во декември бев на одмор во Дубаи. Разговарав со сопругата и со децата кои постојано ме прашуваа: тато, зошто не играш?” Внатре во мене нешто гореше, не бев среќен. Оставив екипа полнa со многу пријатели. Сепак, сакав да го дадам мојот придонес на теренот” – рече Бенатија.
„Кога Бонучи се врати во тимот отидов кај тренерот и тој ме убеди дека му требам бидејќи сум меѓу најдобрите централни дефанзивци во светот, но, тогаш работите драстично се променија. Мислам дека Алегри не е вистинскиот човек за Јуве кога станува збор за Лигата на шампионите” – заклучи Бенатија.

