Француските медиуми утринава објавија информација дека 21-годишниот фудбалер на Бордо, Самуел Калу се соочува со вистинска семејна драма, откако неговата мајка била киднапирана во Нигерија.
Киднаперите ја грабнале неговата мајка Жулиет Калу од нејзината кола во местото Абиба, а за да ја ослободат барале откуп од 400.000 евра. Полициските власти во Нигерија изјавија дека сè уште нема осомничени за овој немил настан и посочија дека работат на расветлување на случајот.
Самуел Калу е играч на Бордо од 2018 година и досега има одиграно 13 натпревари, а притоа постигна два гола. Тој исто така е член на репрезентацијата на Нигерија за која дебитираше минатата година и веќе има одиграно пет натпревари и еден погодок

