Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, ја оддржува одличната форма од почетокот на годинава. Тој на 11 одиграни средби прими само три гола со што потврдува дека е еден од најперспективните светски голмани на кого му се предвидува блескава иднина.
20 годишниот чувар на мрежата кој има место и во селекцијата на Италија, набрзо треба да го продолжи договорот со Милан.
Се претпоставува дека неговата откупна клаузула во договорот со „росоенрите“ ќе биде околу 100 милиони евра, но, само под услов тимот да се пласира во Лигата на шампионите за наредната сезона.
