Најскапиот светски фудбалер Нејмар и сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, по вчерашната елиминација од Манчестер Јунајтед во ЛШ, направиле инциденти во тунелот и соблекувалните.
Тие биле гневни за досудениот пенал во самиот финиш кој им овозможи на англичаните да слават со 3 спрема 1 и да го продолжат престојот во фудбалската елита на страиот континент. Според наведеното, Нејмар сакал да ги тепа судиите, но, за среќа реагирало обезбедувањето додека Ал Келаифи успеал да стигне до судиската соблекувална и таму да ја скрши вратата.
Двајцата најверојатно ќе бидат ставени на тапет во УЕФА и набрзо треба да се очекува нивно санкционирање.