Раководството на Милан и агентот на Шпанецот Сусо се уште не можат да најдат заеднички јазик во преговорите за нов договор на играчот. Според информациите, разговорите меѓу двете страни се одвиваат во пријателски тон, но и покрај тоа не може да се постигне согласност за платата која Шпанецот треба да ја добива на “Сан Сиро”.
Росонерите имаат намера да му дадат по 4 милиони евра од сезона, но Шпанецот сака да добива 5 милиони плус дополнителни бонуси.
Сусо има договор со Милан за уште три сезони, но шефовите брзаат да потпишат нов, бидејќи сакаат да ја отстранат клаузулата за негов предвремен раскин, која е во вредност од 38 милиони евра.