Играчот од средниот ред на Севиља, Пабло Сарабија, одби да биде продаден во екипата на Челзи.
Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, лондонскиот клуб понудил договор за 26-годишниот играч од средниот ред во текот на изминатиот преоден рок во јануари, но тој сепак избрал да остане во Шпанија.
Оваа сезона, Пабло Сарабија одигра 25 натпревари во „Ла Лига“, постигнувајќи осум гола. Во Лигата на Европа има одиграно 12 натпревари и постигнато осум гола. Токму овие настапи го натерале Челзи да му понуди договор, но тој бил одбиен од страна на играчот.

