На 5 стадиони во нашава земја денеска од 14.00 часот ќе бидат одиграни натпреварите од 22 коло во елитната фудбалска конкуренција.
Во Скопје на „Чаир“, Шкендија од челната позиција ќе гостува кај Шкупи кој е влезен во лоша серија. На „Филип Втори“ не очекува пресметка за евро-виза меѓу Работнички и Академија Пандев додека под Шара, екипата на Ренова ќе игра со „лавовите“ од Ѓорче Петров. На теренот во Кратово ќе биде реализирано дербито на дното меѓу Силекс и Победа додека Вардарци ќе се појавата во Струмица на стадионот на Беласица.
Еве како изгледа и табелата пред денешното 22 коло. Шкендија 47 бода, Вардар 38, А. Пандев 36, Работнички 31, Шкупи 30, Ренова 26, Македонија ЃП 22, Силекс 21, Победа 18, Беласица 18.