Дефанзивците на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос и Марсело, имале мала расправија на последниот тренинг пред вчерашниот натпревар со Реал Валјадолид.
Имено, Бразилецот ја прославил победата на неговата група на начин кој не му се допаднал на Рамос кој бил во спротивниот табор.
Во таа конфликтна ситуација брзо се вмешале соиграчите кои спречиле да настане поголем инцидент меѓу двете ѕвезди на „кралевите“.

