Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез го врати доброто расположение кај него и кај навивачите на екипата по враќањето на Зинедин Зидан на чело на Реал Мадрид.
Неговата екипа оваа сезона ќе остане без освоен трофеј, но Перез веќе гледа со ентузијазам кон иднината. Веднаш по претставувањето на Зидан на „Сантијаго Бернабеу”, Перез се појави на добротворен настан во шпанската престолнина. Тој веднаш бил „нападнат” од новинари со прашања во врска со фудбалот.
„Меѓу Реал Мадрид и Зинедин Зидан има убава приказна која трае веќе 18 години. Тој е човек кој предизвикува ентузијазам, не само во Шпанија туку и во целиот свет. Ги видов реакциите во странство и се уверив во тоа. Промени во Реал ќе има, но револуција е пресилен збор. Сега најважно е да ја завршиме сезоната и да се подготвиме за следната”, коментирал Перез, кој индиректно ја отфрлил можноста за враќање на Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу”.
„Кристијано е таму каде што е и игра многу добро”, рече Перез, кој исто така беше запрашан за можноста да го привлече Килијан Мбапе од Париз Сен Жермен.
„Зидан е Французин, тој може да направи нешто во врска со тоа”, се шегувал Перез. На крајот запрашан за тоа да направи избор меѓу двајцата играчи на ПСЖ, Мбапе или Нејмар, кој би сакал да го види во Реал, Перез кратко одговорил: „А зошто да не биде и двајцата“

