Интер нема да може да смета на Мауро Икарди во неделното „Дерби делла Мадонина” со Милан, објави весникот „Тутоспорт“.
Разговорите меѓу Аргентинецот, неговата сопруга Ванда Нара и извршниот директор Џузепе Марота не довеле до потребниот резултат и напаѓачот нема да ги обнови тренинзите со тимот. Во четврток на Интер му претстои многу тежок реванш натпревар со Ајнтрахт (Франкуфрт), а опциите пред тренерот Лучиано Спалети за избор на почетниот состав се крајно ограничени. Интер има точно 11 играчи кои можат да настапат на оваа средба, а Икарди нема да му помогне на својот тим во 1/8 финалето на Лига Европа.
Ситуацијата на напаѓачот е сосема комплицирана откако му беше одземена капитенската лента, но официјалната причина за неговото отсуство е повреда на коленото.
Ова значи дека Интер ќе игра без Икарди во следните два исклучително важни натпревари, што може целосно да ја промени сезоната на оваа екипа.