Наполи и Арсенал ќе го одиграа најинтересниот меч од четврфиналето на Лигата на Европа. Ждрепката за четврфиналните дуели сакаше еден од главните фаворити за трофејот Челзи, да го добие за противник најпосакуваниот ривал, Славија Прага, а првиот меч да го одигра на гости.
Во четврфиналето ќе гледаме и еден шпански дуел меѓу Виљареал и Валенсија, како и пресметка меѓу екипите на Бенфика и Ајнтрахт (Ф).
Првите четврфинални средби се закажани за 11 април, а реваншите 7 дена подоцна.