Напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне не е задоволен од шансата која ја добива во Милан и најверојатно ова лето ќе побара трансфер. Ккао што објавија медиумите блиски до клубот, Кутроне е незадоволен од минутажата која ја добива.
Атлетико (М), Тотенхем, Борусија (Д) и Торино се заинтересирани за услугите на 21-годишниот фудбалер на „росонерите“, но засега нема индиции дека Милан е подготвен да го продаде. Цената на Кутроне на трансфер пазарот варира меѓу 25 и 30 милиони евра.
Договорот на Кутроне со Милан е до летото 2023 година. Оваа сезона, тој се појави на 24 натпревари од италијанската Серија А, имаше 3 гола и 2 асистенции. На најголемиот дел од овие средби влегуваше од клупата.