Директорот на фудбалската репрезентација на Германија, Оливер Бирхоф, призна дека имаат потенцијални проблеми со иднината на фудбалот во репрезентацијата.
„Во моментов имаме помалку таленти во нашите младински селекции. Во моментов ние сме добри во првиот тим, но за 5 години работите може да ни бидат тешки. Ние мора да го поправиме тоа”, рече поранешниот напаѓач.
Тој, исто така, повика на трпение со младите играчи на Бундестимот.
„Секој знае дека создаваме нов тим и тоа бара време. Сакаме навивачите да не сватат, ако работите не одат на начинот на кој што треба”, продолжи Бироф во изјава за медиумите во Германија.
Четирикратниот светски шампиони ќе имаат пријателски натпревар со Србија и квалификациски за ЕУРО 2020 со Холандија. Останатите ривали на Германците во квалификациите за европскиот шампионат следната година се Северна Ирска, Естонија и Белорусија.
„Ние сакаме најбрзо да се вратиме на елитата на светскиот фудбал”, рече поранешниот германски репрезентативе Оливер Бирхоф.
Селекторот на Германија Јоаким Лев, на големо изненадување откако не ги повика искусните Томас Милер, Матс Хумелс и Жером Боатенг од Баерн (Минхен). Наместо тоа, Лев испрати покана до дебитантите Лукас Клостерман од РБ Лајпциг, Максимилијан Егештајн од Вердер (Бремен) и Никлас Штарк од Херта (Берлин).