Македонските куглари по пауза од шест години ќе се вратат на репрезентативните активности и тоа со настап на Светското првенство кое ќе се одржи во Чешка.
Селекторот, Дамир Фучкар, направи две групи и тоа во првата има четири репрезентативци кои ќе настапат во Чешка – Борис Бенедик, Бојан Влаковски, Димитар Димитровски и самиот селектор додека во втората се десет куглари од кои шестмина ќе добијат шанса да бидат дел од големиот спортски настан во месец мај.
Тоа се:
1. Сашо Трпковски (Скопје)
2. Младен Донковски (Скопје)
3. Александар Соколовски (Битола)
4. Ибрахим Мемеди (Скопје)
5. Игор Беличански (Скопје)
6. Дарко Димитровски (Скопје)
7. Зоран Ристиќ (Скопје)
8. Кристијан Костов (Скопје)
9. Пецо Димовски (Битола)
10. Никола Андоновски (Битола)

