Шпанскиот фудбалски состав Барселона може да го купи Лука Јовиќ како алтернатива за Луис Суарез во текот на летото во годинава која одминува, соопштуваат денеска медиумите во Шпанија.
Српскиот напаѓач, кој е во сопственост на Бенфика а игра како позајмен во Ајнтрахт (Франкфурт), има трансферна вредност од 60 милиони евра. Раководството на шпанскиот шампион имало прелиминарни разговори со агентот на 21-годишниот Јовиќ. Напаѓачот има три натпревари во дресот на Србија а неговиот менаџерот останал импресиониран од понудата од страна на Каталонците.
Во исто време се споменува дека за фудбалерот кој има дадено 22 гола во тековнава сезона во Бундеслигата, се заинтересирани и екипите на Манчестер Јунајтед и Баерн (Минхен).